ММС

Објавено на: 06/7/21 11:26 AM

Само еден случај на корона регистриран во последното деноноќие

Во последните 24 часа се направени 1.375 тестирања, а регистриран е 1 нов случај на ковид-19 од Куманово, информираше министерот Венко Филипче.

Пријавени се вкупно 3 починати лица: по едно лице од Куманово (55г), Тетово (61г), и Гевгелија (80г).
Регистрирани се 204 оздравени пациенти од:

• Скопје – 77
• Куманово – 25
• Охрид – 19
• Битола – 11
• Струмица – 9
• Тетово и Кичево – по 7
• Прилеп – 6
• Гостивар, Штип и Струга – по 5
• Велес и Радовиш – по 4, Кочани и Кратово – по 3
• Кавадарци, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2
• Гевгелија и Македонска Каменица – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 815.893 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.418, бројката на оздравени пациенти е 149.496, на починати е 5.458, а бројот на активни случаи изнесува 464.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.