ММС

Објавено на: 06/7/21 10:43 AM

Во Штип 15 возачи возеле без возачка, во Тетово и Гостивар 331 возеле пребрзо

Како што соопшти МВР, изминатите денови се спроведени повеќе кациски контроли на нивно на Секторите за внатрешни работи. При тоа, санкционирани се возачите, кои го прекршиле законот.

На 06.06.2021, СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 100 мерки, меѓу кои 69 за управување возила со брзина поголема од дозволената, 8 за управување возило под дејство на алкохол, 15 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 1 за непрописно престигнување и 4 за некористење сигурносен појас.

Изминатите три дена, 4,5 и 6 јуни, на подрачјето на СВР Тетово биле откриени 331 пречекорување на максимално дозволената брзина  надвор од населено место (ТЕ-210 и ГВ-121) и 57 во населено место (ТЕ). Четириесет од овие пречекорувања надвор од населено место биле за повеќе од 70 километри на час, 187 од 50 до 70 километри и така натаму, додека во населено место најголемиот број од пречекорувањата биле за 30 до 50 километри на час. при контролите, исто така, биле откриени и санкционирани  и 17 други видови прекршоци (ТЕ-5 и ГВ-12 ).


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.