ММС

Објавено на: 06/7/21 10:09 AM

Индискиот сој на Ковид-19 пристигна во Македонија – Пациент се заразил во Ирак, хоспитализиран на приватна клиника

Минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на „индиски” сој на вирусот СарсКов2, соопшти Министерството за здравство.

Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пацинетот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспиталзиран, кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата. Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на Главниот кризен штаб предложи полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни, на територија на цела држава.

Министерот образложи дека овој предлог на Комисијата е поради тоа како би се ограничило дополнително групирање во доцните часови.

Епидемиолошката состојба во државата е стабилна, бројот на активни случаи се намалува, а драстично е намален и бројот на хоспитализирани пациенти во ковид центрите на териториј на цела држава. На КИБФС за прв пат од почетокот на пандемијата, лекарите прегледуваат пациенти и од други инфективни патологии. Според последната епидемиолошка анализа нема најава дека престојниот период ќе има зголемување со нови случаи на заразени, како и зголемен број на хоспитализирани.

 

О.К.

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.