ММС

Објавено на: 06/7/21 11:11 AM

Како ќерката на Меган и Хари ќе ја промени историјата?

Поранешната актерка и војвотка од Сасекс Меган Маркл на свет го донесе второто дете, девојче тешко 3 килограми и 220 грама кое ќе го добие името Лилибет „ Лили“, по прабабата Елизабета и покојната Лејди Дајана.

Меѓутоа уште пред самото породување странските медиуми пишуваа како нивната ќерка ќе биде таа која ќе ја промени историјата на кралското семејство.

-Хари и Меган веќе влегоа во историјата заради сè што направија, што никој во семејството не го сторил претходно. Нивната ќерка најверојатно ќе оди по истиот пат и ќе ги руши бариерите”, изјави експерт за кралското семејство за странските медиуми.

Тој наведува дека е можно кралскиот пар да не ја избере титулата за своето мало девојче, исто како што не го сториле тоа кога се роди нивниот син Арчи. Странските медиуми пишуваат дека евентуално би можеле да и ја дадат титулата „дама“.

Поради тоа,  започнаа шпекулациите дека ќерките може да и дадат име на Дијана за да можат да и се обраќаат како Лејди Ди, како мајката на Хари.

Ќерката на Хари и Меган  е посебна затоа што е првото кралско бебе кое не е родено во Велика Британија. Бидејќи Меган се породи во Калифорнија, нивното мало девојче автоматски ќе стане американски државјанин.

Меган  реши да ја откаже забавата   организирана од идната мајка или нејзините пријатели со цел да го прослави доаѓањето на бебето, што членовите на кралското семејство вообичаено не го практикуваат.

На почетокот, таа сакаше раскошна забава да го прослави доаѓањето на нејзината ќерка, но тоа сепак не се случи, најмногу поради пандемијата, таквата прослава не е соодветна.

 

Извор и фото: Мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.