ММС

Објавено на: 06/7/21 9:26 AM

Видела како го вадат Тоше од под камионот – Гоца Тржан со кнедла во грло прозборе за смртта на Проески

Гоца Тржан со голема тага се присети на Тоше Проески.

Тоше Проески настрада во сообраќајна несреќа на 16. октомври 2007 година, а неговата пријателка и пејачката Гоца Тржан сега искрено и со кнедла во грлото прозбре за болната загуба.

Гоца се присети на нивната сработка и песната „1200 милји“, а потоа и за моментот кога дознала за несреќата во која македонската ѕвезда го загуби животот.

Пејачката во една емисија раскажа дека за смртта на Тоше дознала од нејзина пријателка која и кажала дека ја видела снимката од местот на нсреќата.

– Бев тазе породена. Лена имаше два три месеци. Ми се јави другарка од Загреб и плаче. Таа ме праша: Дали е вистина дека Тоше загинал? , и реков: Не трескај, како загинал? Таа вели вистина е, ја видов снимката како го вадат од Грдишка од под камионот, јас за жал тогаш не можев да одам на погребот поради малото бебе, тоа беше голем стрс за мене, рекла Гоца.

– Никогаш нема да заборавам дека отидов во Македонска амбасада да се запишам во книгата на жалоста. После неколку години бев работно во Прилеп па спиевме во неговиот роден град. Тогаш отидов во музејот и на неговиот гроб. Некако се опростивме ние двајца, раскажала пејачката.

 

Извор и фото: Мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.