ММС

Објавено на: 06/7/21 8:42 AM

Завршија најкрвавите избори во Мексико: убиени 97 политичари, отсечена човечка глава на избирачкото место

Според првичните резултати од вчерашните избори, Мексиканското владејачко движење на Морено и неговите сојузници се очекува  да имаат мнозинство во новиот долен дом на Конгресот.

Според Националниот изборен институт (ИНЕ), предвидувањата наведуваат дека Морено и коалициските партнери ќе освојат помеѓу 265 и 292 од 500 места во Долниот дом, пренесува Ројтерс.

Оваа изборна кампања беше една од најкрвавите во поновата историја на Мексико. Консултантската компанија „Етеллект“ објави дека во текот на кампањата биле убиени 97 политичари, а 935 биле нападнати.

Непознат маж фрлил отсечена човечка глава на гласачко место во пограничниот град Тихуана, а во близина биле пронајдени вреќи полни со делови од телото. Властите соопштија дека мажот побегнал и на тоа место се пронајдени торби со човечки остатоци и отсечени раце во областа.

Аналитичарите велат дека повеќето изборни насилства обично се случуваат на ниво на општина, каде што бандите сакаат да влијаат на изборите со надеж дека ќе обезбедат поголема контрола врз трговијата со дрога и други криминални активности.

 

фото:El pais


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.