ММС

Објавено на: 06/7/21 7:53 AM

Мијалков утре излегува од Шутка?

По Драги Рашковски, неофицијално, според добро упатени извори на ТВ21 во вторник од притвор излегува Сашо Мијалков.

Телевизијата пишува дека на Мијалков ќе му биде определена поблага мерка, мерка куќен притвор.

Адвокатите на Мијалков тврдат дека со барањето за ослободување е поднесена гаранција во недвижности со вредност од над 7 милиони евра. Кауцијата ќе биде запленета од државата доколку Мијалков избега.

Мијалков е во истражниот затвор Скопје од 23 февруари.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.