ММС

Објавено на: 06/7/21 7:43 AM

Што научија учениците на далечина – денеска презентација на резултатите

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Владата на Обединетото Кралство и во соработка со истражувачкиот тим на „Реактор-истражување во акција” денеска ќе ги презентираат наодите за наставата на далечина.  Истражувањето насловено „Искуствата и ставовите на директорите на училиштата, наставниците и родителите во врска со учењето на далечина” ќе биде споделено преку презентација на платформата Зум.

Истражувањето е спроведено во две фази со споредбени податоци од двете учебни години во периодот март – декември 2020 година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.