ММС

Објавено на: 06/7/21 7:32 AM

Црна Гора во Скопје ќе ја претстави туристичката понуда

Туристичката понуда на Црна Гора како сигурна летна дестинација ќе биде претставена денеска во Скопје, во организација на Амбасадата на Црна Гора во Македонија и црногорската Национална туристичка организација.

Настанот ќе го отвори амбасадорот на Црна Гора во државава Марија Петровиќ, а туристичата понуда ќе ја претстави менаџерот на Националната туристичка организација Лилјана Чукиќ.

Ќе биде претставена и кампањата „Заедно со природата”, која има за цел, како што посочуваат од Амбасадата, да го прикаже природното и културното наследство на Црна Гора.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.