ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/6/21 8:17 PM

Се породи Меган Маркл, но во тајност

Принцот Хари и Меган Маркл објавија дека им се родило второто дете, девојче по име Лилибет Дајана Маунтбатен Виндзор.

Со името кое што и го дадоа на девојчето, принцот Хари и Меган Маркл и оддадоа почит на кралицата Елизабета Втора, која во кралското семејство го носи прекарот Лилибет, но и на покојната принцеза Дајана, мајка на принцот Хари.

„Со голем радост објавуваме  дека принцот Хари и Меган го дочекаа  раѓањето на нивната ќерка Лилибет Лили Дијана Маунтбатен Виндзор“, се вели во соопштението од канцеларијата на војводата и војвотката од Сасекс.

И мајката и ќерката се чувствуваат добро и се одмораат дома.

Бебето, наводно, се родило во петокот, 4 јуни, во 11:40 часот, во болница во Санта Барбара, Калифорнија.

superzena.b92.net/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1