ММС

Објавено на: 06/6/21 7:52 PM

Пандев: Со малку среќа можеме да ја минеме групата на ЕП, потоа размислувам за пензија

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на македонскиот фудбал, Горан Пандев ќе биде првиот Македонец кој на 13. јуни во Букурешт, на мечот против Австрија, ќе ја понесе капитенската лента на официјален натпревар на македонската селекција на европски шампионат.

Факт е дека со нетрпение се очекува дебитантскиот настап на Македонија на собирот на најдобрите на Стариот континент, од кој силна е вербата дека може да се направи и многу повеќе од само учество.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.