ММС

Објавено на: 06/6/21 5:52 PM

Прилепчанец се обидел да пазарува со фалсикувани евра

Полицијата уапсила прилепчаец кој што се обидел да пазарува во маркет со фалсификувани 200 евра. Банкнота е пронајдена и одземена.

„На 05.06.2021 во 13.50 часот на ул.„Дебарца“ во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода А.Р.(20) од Прилеп затоа што претходно во маркет во нас. Тризла се обидел да пушти во промет фалсификувана банкнота од 200 евра. При преглед кај него била пронајдена и одземена банкнотата,“ информираат од МВР.

По целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.