ММС

Објавено на: 06/6/21 4:41 PM

По силните врнежи наноси од камења и песок на патот Делчево-Македонска Каменица

Силните врнежи што го зафатија делчевскиот регион предизвикаа помали и поголеми наноси од камења и песок на регионалниот пат А3 во правец од Делчево кон Македонска Каменица.

-Ваквата состојба е најизразена после селото Очипала, додека слична е ситуацијата и на други места во правец Делчево – Баткова чешма – М.Каменица. Апел до сите кои тргнуваат на пат да внимаваат на овој патен правец, предупредуваат возачи кои алармираа за ваквата појава.

Со апел за внимателно возење излегоа и од подружницата на  ЈП „Македонија пат” од каде велат дека нивни екипи благовремено реагираат на местата каде се забележани ваквите појави.

Поради дождот сообраќајот на овој патен правец се одвива по влажни коловози.

миа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.