ММС

Објавено на: 06/6/21 2:37 PM

Викендов реализирани околу 100 прослави, НУК со свој регистар за свадби и други веселби

Независната угостителска комора изготви сопствен образац за регистрација и пријава на прослави, информираат од комората.

Со овој образец се овозможува без дополнителни трошоци и надоместоци сите угостители да направат регистрација и пријава на прослава, додека Владата и останатите институции не предложат, изнајдат или објават дополнителни законски решенија, пишува на ФБ на НУК.

Само за овој викенд од донесувањето на првите протоколи за организирање на свадби/прослави и веселби, биле пријавени и организирани на повеќе од стотина свадби и други прослави.

„На 1-ви Јуни 2021 година во Службен Весник број 119 на стр. 11 е објавен како Прилог бр. 78 првиот протокол за организирање на свадби/прослави и останати веселби во кој со точка 7 е доведено во прашање целокупната негова примена. Со цел да излеземе во пресрет на сите телефонски повици и дописи за потреба на угостителите да ги регистрираат и пријават прославите кои ги организираат во своите угостителски објекти и да им овозможиме институционално да можат да ги исполнат сите точки од протоколите за организација на сите прослави Независната угостителска комора формираше сопствен регистар за свадби/прослави и веселби кој го става на располагање на сите угостители и угостителски објекти како и државни институции, комори, здруженија овозможувајќи на сите без дополнителен надомест да ги пријават односно евидентираат своите прослави согласно барањата во точка 7 од протоколите за организирање на свадби/прослави и останати веселби. За секоја пријава во рок од 24 часа угостителите добиваат уредна електронска потврда дека согласно точка 7 извршиле пријава и регистрација во “угостителска комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби”, информираат од НУК.

Со пријава во регистарот опфтени се сите видови прослави во сите угостителски објекти и евиденција и контакти на сите учесници и чинители на овие прослави со исклучок на листата на гости. Евиденцијата на листа на гости и распоред на маси за седење и понатаму е обврска на организаторот да ја достави исклучиво до одговорниот менаџер на угостителскиот објект кој од друга страна има за обврска да го евидентира секое лице – гостин на прославата.

„Само за овој викенд од донесувањето на првите протоколи за организирање на свадби/прослави и веселби и покрај многуте нелогичности и пропусти во новите протоколи низ Македонија се организираа или е во тек организација на повеќе од стотина свадби, веселби, родендени и останати прослави. И покрај нашите укажувања за брза потреба и реакција од страна на Владата за корекција на наведените протоколи и точката 7 која создаде најмногу забуни и потреба од дополнителни информации нема направено.

До моментов ниедна институција или друга комора се нема произнесено или превземено угога на организација на неопходниот регистар.

Регистарот во моментов е решение за надминување на проблемот за кој укажавме минатите денови во новите протоколи за организирање на свадби/прослави и останати веселби со точката 7 со која угостителскиот објект во кој има прослава е должен да ја регистрира и пријави прославата во угостителска комора.се вео во објавата на НУК.

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.