ММС

Објавено на: 06/6/21 2:02 PM

Регистрирани 10 нови случаи на Ковид 19, починати се 7 лица, пет општини без активни случаи

Десет нови случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, од кои пет во Скопје, по два случаи во Прилеп и Виница и еден во Куманово. Во изминатите 24 часа, како што соопшти Министерството за здравство направени се 2.825 тестирања.

Регистрирани се 332 оздравени пациент од: Скопје – 101, Куманово – 45, Битола – 23, Прилеп и Струмица – по 19, Тетово – 16, Охрид – 15, Кичево – 12, Струга – 10, Виница – 9, Радовиш – 8, Гостивар – 7, Штип, Ресен и Делчево – по 6, Велес  и Свети Николе – по 5, Кавадарци, Неготино и Гевгелија – по 4, Крушево – 3, Богданци – 2, Кочани, Крива Паланка и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно седум починати лица  – по едно лице од Куманово (69г), Прилеп (78г), Тетово (77г), Гостивар (77г), Кочани (80г), Штип (69г) и Струмица (52г).

Од пријавените, три лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.

Направени се 2.825 тестови преку: ИЈЗ-409, ЦЈЗ Скопје-31, ЦЈЗ Битола-84, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–14, ЦЈЗ Куманово–49, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-13, Институт за микробиологија–36, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-102, Авицена-251, Биотек-328, Систина-117, лабораторија Лаор-420, Синлаб-12, Ремедика-17, Плодност–56, Генеа–32, Никоб лаб-155, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 643.

Досега во земјата се направени вкупно 814.518 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.417, бројката на оздравени пациенти е 149.292, на починати е 5.455, а бројот на активни случаи изнесува 670.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 68568, Активни 299

Куманово 8844, Активни 64

Прилеп 8311, Активни 38

Тетово 7219, Активни 26

Битола 6298, Активни 28

Велес 5469, Активни 6

Гостивар 5179, Активни 20

Кавадарци 5153, Активни 4

Охрид 5008, Активни 38

Штип 4959, Активни 8

Струмица 4111, Активни 16

Струга 2981, Активни 13

Кочани 2789, Активни 10

Кичево 2568, Активни 28

Гевгелија 2194, Активни 5

Неготино 2184, Активни 4

Свети Николе 1523, Активни 4

Ресен 1234, Активни 3

Крива Паланка 1219, Активни 2

Радовиш 1160, Активни 15

Берово 1029, Активни 2

Делчево 972, Активни 4

Дебар 940, Активни 1

Виница 886, Активни 12

Пробиштип 789, Активни 0

Валандово 666, Активни 1

Богданци 494, Активни 0

Крушево 490, Активни 1

Демир Хисар 400, Активни 5

Демир Капија 396, Активни 0

Кратово 376, Активни 9

Македонски Брод 359, Активни 1

Пехчево 268, Активни 0

Македонска Каменица 249, Активни 3

Дојран 132, Активни 0.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.