ММС

Објавено на: 06/6/21 1:26 PM

Одложен за денеска закажаниот кружен натпревар на автодромот во Кичево, од АФМ немаат образложение

Иако за овој викенд беше влезен во календарот првиот кружен натпревар во автомобилизам за годинава, сепак љубителите на брзините од регионов и земјава ќе останат пократки за еден интересен и возбудлив авто-натпревар.

Од АФМ не добивме попрецизен одговор зошто нема да се вози денешниот натпревар и останавме пократки за вистинскиот одговор зошто првиот годинешен натпревар на кружни патеки денеска нема да се одржи.


фото-порта.мк

Инаку на патеката во Кичево покрај утрешниот натпревар, требаше да се одржи уште еден натпревар на круг на 5 август. Во календарот за годинава покрај двете трки во Кичево , влегуваат и двете трки на круг што ќе се возат на патеката во Серез, Грција и тоа кон крајот од овој месец и крајот на ноември.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.