ММС

Објавено на: 06/6/21 11:57 AM

ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски е пуштен од притвор, откако се раширија гласините дека ќе „пропее„ за Заеви

Драги Рашковски е пуштен од притвор, откако се раширија гласините дека ќе пропее за Зоран и Вице Заев, за сите бизниси и се што знае за работењето на браќата Заеви, обвинува во денешното соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

„Откако се раширија гласините Заев панично по медиуми почна да кружи со приказната дека Рашковски работел законски, и дека не верува дека сторил криминал. Заев со таквите изјави од позиции на прв во владата изврши притисок врз судството и обвинителството и му даде сигнал што да прави. Заев се дрзна да влијае на постапка затоа што знае дека Рашковски е негов директно потчинет во владата. Се што знае Заев во голема мерка знае и Рашковски,“ се додава во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ , Рашковски е свесен за калта во која заглавил, доказ е и префрлањето на имотот врз своите малолетни деца. Што и од кого крие со тоа? Дали со тргањето имот од себе сокрива некаква трага?- прашуваат од партијата

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.