ММС

Објавено на: 06/6/21 11:13 AM

Стаорецот Магава кој откриваше мини во Камбоџа, добитник и на медал за храброст, заминува во пензија

Гигантски африкански стаорец по име Магава, познат по тоа што спасува животи откривајќи нагазни  мини во Камбоџа, се пензионира, па дури и доби медал за својата храбра улога.

„Тој почнува да се заморува“, рече Мајкл Хајман, шеф на програмата за деминирање во Камбоџа.

Хајман рече дека најдобро е Магава да биде „пензионер“ и затоа ќе може да ужива во омилените десерти – банани и кикирики.

Пет години, Магава помагаше во откривање на нагазни мини на околу 225.000 квадратни метри, што е еднакво на површината на 42 фудбалски игралишта.

Стаорецот откри 71 мини и 38 парчиња неексплодирана убојна материја.

Во септември, Британското здружение за заштита на животни PDSA му додели златен медал на Магава за храброст.

Магава е првиот стаорец кој добил вакво животно одликување .

Магава за 30 минути успеа детално да прегледа површина слична на тениско игралиште, додека на луѓето опремени со детектор за метал им требаат околу четири дена.

Хајман рече дека 20 стаорци биле испратени во Камбоџа за откривање на мини, но додаде дека Магава е „исклучителен“ и дека на неговите „помлади колеги“ ќе им треба долго време за да го достигнат своето ниво.

извор- Handout / PDSA / AFP

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.