ММС

Објавено на: 06/6/21 9:44 AM

778 санкции за брзо возење на територија на цела држава, најмногу во Тетово 151

Акциска контрола на територијата  на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, беше спроведена од страна на МВР на територијата на целата држава. Санкционирани се 778 возачи.

Од нив, 111 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Тетово – 151, а потоа на територија на СВР Скопје – 145, на територија на СВР Куманово – 123.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 276 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 145 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, 38 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 10 за управување под дејство на алкохол.
Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за некористење сигурносен појас, осум за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири прекршоци што ги чинат пешаците, 45 санкции за непрописно паркирање.  ..
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат  до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.