ММС

Објавено на: 06/5/21 7:50 PM

За еден ден санкционирани 145 возачи во Скопје за брзо возење

Денеска во периодот од 09 до 16 часот на подрачјето на Скопје спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 145 возачи, информираат од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.