ММС

Објавено на: 06/5/21 4:04 PM

И ветил забрзана оставинска постапка ако му даде пари – 65-годишна жена измамена за 340.000 денари

Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека во периодот од 07.02.2021 до 04.06.2021 била измамена од лицето Н.К. за сума од 340.000 денари.

Според пријавеното, лицето и ветило дека може да ја забрза оставинската постапка за нејзиниот покоен невенчан сопруг и во наведениот период во неколку наврати му ги дала парите.

Исто така, според пријавеното, таа заклучила дека е измамена откако проверила и се уверила дека  не била започната постапката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.