ММС

Објавено на: 06/5/21 2:38 PM

Проблеми со бременоста – Меган Маркл ги откажа сите обврски

Сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл ги откажа сите обврски поради проблеми во бременоста со второто дете, објавија британските медиуми.

Откако минатото лето го загуби своето бебе, таа одлучи да го намали ризикот на минимум.

Поранешната ѕвезда во серијата „Suits“ со принцот Хари веќе го има синот Арчи Харисон, а парот објави дека очекуваат уште едно дете.

Подоцна беше откриено дека станува збор за девојче, сепак, парот се обидува да ги чува приватните детали за бременоста, поради што не е познато кога ќе се роди нивната ќерка, пренесува порталот Klix.ba.

Британските медиуми, пред се списанието InTach, наведуваат дека војвотката од Сасекс потешко ја поднесува оваа бременост со несоница, бројни мачнини и главоболки, поради што ги откажала сите свои професионални обврски.

Претходно, Венити Фер и Пејџ Сикс објавија дека Меган и Хари планираат да земат породилно отсуство како што се приближува крајот на бременоста, за да можат да се посветат на семејството што е можно повеќе по раѓањето на детето.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.