ММС

Објавено на: 06/5/21 1:46 PM

Само за камати годинава ќе се потрошат 154 милиони евра ВМРО ДПМНЕ повика на реорганизација на трошењата

Вака како што е структуриран јавниот долг, укажува дека состојбата во државата ќе биде многу  тешка. И наместо да се прочистат трошоците, институциите како ФЗОМ, кушува возила од 40.000 евра. Ова е ставот на Гордана Димитриеска Кочовска од ВМРО ДПМНЕ, која го повика министерот за финансии да биде, како што рече „лошиот“ и да ги скрати трошењата, бидејќи има простор за реорганизација.

-Има 300 милиони евра за разни трансфри – каде одат? Новото задолжување е со повисоки каматни стапки од сега, поради меѓународните пазари.

Во исто време има доспевање на заеми од минатите  времиња  и само оваа година треба да се вратат 154 милиони камати и тој износ ќе се зоголемува. Сте се задолжиле една милијарда, а во исто време купувате возила од 40.000 евра, рече Димитриеска Кочоска, која е поранешен заменик министер за финасии во техничката влада.

Таа ушати апед до минитерот за финасии да седне да си ги прочисти трошоците.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.