ММС

Објавено на: 06/5/21 1:16 PM

Откажана Формула 1 трката во Сингапур

Втора година по ред е откажана трката за Светско првенство во Формула 1 за Големата награда на Сингапур. Причината, како што објавија организаторите е пандемијата со Ковид – 19.

Ноќната трка низ улиците на Сингапур требаше да се одржи на 3 октомври .

-Откажувањето на трката втора година по ред беше многу тешка одлука, но неопходна, со оглед на моменталните ограничувања за настаните во живо во Сингапур. Ние не би можеле да обезбедиме целосно доживување на навивачите, кои го очекуваат тоа од нас, во оваа ситуација додека внимаваме на здравјето и безбедноста“, рече Колин Син, потпретседател на ГП Сингапур, организатор на трката.

ГП во Сингапур е втора трка што е исфрлена од годинешниот календар, по Канада. Неизвесно е дали ќе се одржат трките во Јапонија, Бразил, Мексико и Австралија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.