ММС

Објавено на: 06/5/21 10:42 AM

Петар Тодоров, историчар: Антиквизацијата за Македонија направи повеќе штета отколку корист

Не е можно да се разбере една национална иделогија доколку не се земе во предвид како другите национални идеологии влијаеле во создавањето на една конкретна национална идеологија, потенцира инсторичарот Петар Тодоров во денешното гостување на емисијата„Стадион“ на Канал77.

„ На пример ние не можеме да разбереме како се создала идеологијата за македонската нација, ако не земеме во обзир како на тој процес влијаеле бугарската, грчката, србската или албанската идеологија. И тие национални идеологии не се формирале во еден момент и замрзнале. Тие секогаш го менувале наративот и преосмислувале,“изјави Тодоров.

„ И ние имаме еден таков случај. По деведесетите години почна еден пристап кон барање на потеклото на нацијата од антиката, за разлика од претходно во социјализмот, кога  акцентот ни беше ставен на словенството. Тоа се опшествени појави, што повеќе направи штета отколку корист, затоа што направи поделби кај нас. Тоа е сериозен проблем. Тоа барање на корените, проектирањето на нацијата далеку во минатото, за да се направи постара отколку што ве перцепираат другите доведе до сериозен конфликт   во опшеството на внатрешен план, но направи проблем и на надворешен план“, смета историчарот Петар Тодоров.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.