ММС

Објавено на: 06/5/21 9:57 AM

Заев ја реши дилемата – Шилегов е еден од неговите фаворити

Иако вчера демантираше дека со ДУИ се разговара за заеднички кандидат за градоначалник на Скопје, премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев денеска повторно одговоараше на истото прашање. Актуелниот градоначалник, Петре Шилегов, е добра спојка меѓу коалиционите партнери, смета Заев.

-Убеден сум дека Шилегов има изградено сериозно висок рејтинг. Убеден сум дека како и мене, нему, заменичката претседателка и другите членови партиски органи, многу е важно мислењето на граѓаните.  Локалните избори се избори на личности. Шилегов е еден од нашите фаворити, јас тоа ог кажав пред неколку месеци овде во Скопје,  но истовремено е добра спојка меѓу коалиционите партнери. Во заедништовото е успехот, одговори Заев.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.