ММС

Објавено на: 06/5/21 9:38 AM

Мар&Ева&Мар една од четирите штипски компании кои злоупотребиле државна помош

Семејната компанија на сопственикот на регионалната телевизија Стар, Мар&Ева&Мар, по втор пат се најде на листата на компании кои ја злоупотребија државната помош и не исплатиле плати на работниците. Според листата на работодавачи кои ја злоупотребиле државната помош објавена од Владата, Мар&Ева&Мар не  исплатила плата на раобтниците за март и април годинава во вкупен износ од  432.904 денари. Компанијата е со дејност производство на кожа и слични производи.

Компанијата Мар&Ева&Мар и минатата година беше во првиот спиок на компании, кои ја злоупотребија државната помош. Меѓутоа, откако беше дадена можност од неколку дена да ги исплатат платите и овие компании да поминат неказнети, фирмата беше тргната од оваа листа.

Во денеска објавениот список од Владата на работоавачи кои ја злоупотребиле државната помош се уште две други штипски фирми.

За компаниите што ја злоупотребија државната помош, УЈП најави законски санкции.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.