ММС

Објавено на: 06/5/21 9:25 AM

Грција отвори Канцеларија за трговија во Приштина што се смета за пат до признавање на Косово

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас потврди дека се реобнови грчката Канцеларија за трговија и економски прашања во Косово. Дендиас изјави дека Канцеларијта во Косово ќе ги  прошири контактите на Грција. Посетата на министерот за надворешни работи на Приштина, каде се состана со целото раководство на Косово, е дел од поширокиот напор на Атина да биде присутна на Западен Балкан.

Според пишувањето на Катимирини,  Дендиас отиде во Приштина придружуван од заменик министерот за надворешни работи за економска дипломатија Костас Франгојанис, со цел да се сигнализира подготвеноста на Атина да ја прошири економската соработка, особено во енергетскиот сектор.

„Веќе имаме значително присуство овде, но веруваме дека има простор за понатамошен развој“, рече тој, меѓу другите и за инфраструктурата, земјоделските производи и за транспортот, рече Дендиас.

Министерот, исто така, ја истакна поддршката на Атина за дијалогот меѓу Белград и Приштина со цел „правно обврзувачко и одржливо решение“.

Овој потег се оценува како пат до признавање на Косово од Грција, која се смета за верен пријател на Србија. Регионалните медиуми пишуваат дека приближувањето е под притисок на Брисел и меѓународната дипломатија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.