ММС

Објавено на: 06/5/21 8:03 AM

Истекува рокот на вакцината Модерна во Бугарија, ќе се донира во соседните земји

За осум дена истекува рокот на пратката вакцина Модерна во Бугарија, соопштија бугарските здравствени власти, додека граѓаните покажуваат мал ингтерес за имунизацијата против Ковид-19.  Како пример се посочува Регионалниот здравствен инспекторат во Благоевград, акде бројот на вакцинирани значајно се намалува и доаѓаат по 10-20 лица на ден, објави БНТ.

Има доволно вакцини од сите видови. Меѓутоа, по приближувањето на рокот на траење на некои од вакцините, како Модерна, Министерството за здравство презеде иницијатива да донира и продава вакцини на соседните земји каде има недостиг.

-Нема никаков интерес за вакцинација со Астра Зенека. Наместо тоа, има луѓе кои бараат, како што велат, брза вакцинација со само една доза на Џонсон и Џонсон”, соопштуваат од Министерството за здравство.

Бугарија најави дека ќе обезбеди вакцини на соседна Македонија, без да соопшти термини. Најверојатно ќе биде тоа дози од вакцината Астра Зенека, за која нема интерес од бугарските граѓани. Се чека на одобрување од Европската Комисија, дел од вакцините да се дадат на граѓаните од соседните земји.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.