ММС

Објавено на: 06/5/21 7:39 AM

Кон Врање на вакцина тргнува нова група македонски државјани

Нова група од околу 800 македонски граѓани овој викенд ќе биде вакцинирана против корона вирусот во вакциналниот пункт во Здравствениот дом во Врање – во Салата на спортот. Вакцинацијата е во организација на Српскиот културен информативен центар Спона.

Имунизацијата во Врање беше координирана од Кабинетот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Министерството за здравство на Србија.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.