ММС

Објавено на: 06/5/21 7:31 AM

Во исчекување на убавата вест, Ахмети слави партиска годишнина – Заев ќе го дружи Шилегов

Напладне во Скопје, се очекува претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети по повод 19-годишнината од основањето на партијата, да им се обрати на граѓаните.Веќе неколку дена во јавноста се подгрева исчекувањето каква убава вест ќе соопшти Ахмети, што коалиционерот Зоран Заев, како што самиот кажа, веќе ја знае. Медиумите излегоа со бројни шпекулации, како повлекување на Ахмети и објавување на неговиот заменик, до заеднички кандидат за градоначалник со СДСМ за Скопје, што беше вчера демантирано од Заев.  И градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов ја негираше веста и најави дека не само што ќе се кандидира, туку како што рече и ќе победи на претстојните Локални избори.

Дали Шилегов ја има поддршката од партискиот лидер, беше прашањето што денеска беше поставено по најавата дека премиерот Зоран Заев придружуван од градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, денеска по повод Светскиот ден на заштита на животната средина ќе учествуваат во акцијата на Град Скопје.  Еко акцијата  ќе се одвива на  поранешниот полигон за обука на возачи под Скопското Кале.Овде ќе се отстрануваат дивите депонии и ќе се засадуваат нови садници.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.