ММС

Објавено на: 06/5/21 7:11 AM

Денеска сонце и максимални 32 степени, утре пороен дожд и грмежи

Соночево и ветровито со максимални 32 степени не’ очекува денеска. Времето ќе биде претежно сончево и топло, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје,  сончево и топло со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Од понеделник следува период на променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.