ММС

Објавено на: 06/4/21 4:21 PM

Штипјанец пукал во насобрана група на граѓани пред продавница

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Е.А.(19) од Штип затоа што во два наврати, на 02.06. и 03.06.2021 пред продавница на ул.„Черења“ во Штип, каде била насобрана поголема група на граѓани, од неговото патничко моторно возило „ауди“од огнено оружје испукал неколку куршуми, известуваат од МВР.

Во врска со случајот на службен разговор се повикани повеќе лица, а запознаен бил и Јавен обвинител и се работи на целосно комплетирање на случајот, по што против Е.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.