ММС

Објавено на: 06/4/21 3:10 PM

Русија ќе тестира комбинација на Спутник и кинеските вакцини

Русија би можела да започне со тестирање на комбинацијата на вакцинaта Спутник В и кинеските вакцини и тоа во арапските земји – пренесе денеска Ројтерс повикувајќи се на пишувањето на руската новинска агенција Интерфакс.

Агенцијата пак, се повикува на Рускиот директен инвестициски фонд, кој прави маркетинг за руските вакцини ширум светот. Шефот на Фондот, Кирил Димитријев изјави дека Фондот примил бројни барања од останатите производители, вклуучвајќи ги и оние од Кина, за заеднички тестирања.

„Ова се големи произведувачи и може да се случи да почнеме со тестирање во руските држави така што ќе ја комбинираме Спутник В и бројните кинески вакцини“, изјави Димитријев.

 

Извор: nova.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.