ММС

Објавено на: 06/4/21 2:15 PM

Британија ја одобри вакцината на Фајзер за деца на возраст од 12 до 15 години

Британската агенција за лекови вчера ја одоби употребата на вакцината на Фајзер/Бионтек за деца на возраст од 12 до 15 години.

„Внимателно ги разгледавме податоците од клиничките испитувања кај децата на возраст од 12 до 15 години и заклучивме дека вакцината на Фајзер/Бионтек е сигурна и ефикасна за оваа старосна група“, изјави извршната директорка на британското регулаторно тело, Џун Рејн.

Таа додаде дека користа од оваа вакцина го надминува секој ризик.

Извор: danas.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.