ММС

Објавено на: 06/4/21 12:34 PM

Имер Селмани кандидат на СДСМ и ДУИ за градоначалник на Скопје?

Поранешниот министер за здравство и кандидат за претседател, Имер Селмани би требало да биде големото изненадување кое што го најави првиот човек на ДУИ, Али Ахмети за в сабота, а премиерот Зоран Заев потврди дека ја знаел веста која ќе биде објавена утре.

Како што пишуваат албанските медиуми во земјава, според извори од власта, изненадувањето е Имер Селмани кој би требало да биде заеднички кандидат за градоначалник од власта за Град Скопје.

Тој можеби е најприфатлив кандидат за двете партии кои најавија предизборна коалиција за претстојните локални избори со оглед на рејтингот кој го ужива кај гласачите од македонската етничка заедница.

– Не се работи за заеднички кандидат за градоначалник, туку за модернизација на нашиот коалиционер партнер. Тоа е во духот на тоа што го работиме како Влада. Ќе ги видите деталите, како што е еднаква родова застапеност, електронско гласање. Воошто не е разговарано за заеднички кандидат или за компензација за премиерското место – изјави премиерот Зоран Заев денеска на отворањето на делницата Штип – Радовиш.

Во меѓувреме во медиумите се појавија шпекулации дека Ахмети можеби ќе ја изненади јавноста со истакнување на кандидатура на Изет Меџити.

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.