ММС

Објавено на: 06/4/21 10:51 AM

Филипче разговарал со Лончар за нов пункт поблиску до нашата граница за ревакцинација на македонските граѓани, кои се вакцинираа во Србија

Како чин на добрососедство го оцени министерот, Венко Филипче барањето на српскиот претседател, Александар Вучиќ за овозможување бесплатна вакцинација за граѓаните на Македонија. Денеска одговарајќи на новинарско прашање за барањето кое Вучиќ го адресирал до српската Влада рече дека немале договор за оваа работа.

„Тоа што излегуваат во пресрет од почетокот на кризата и претходно кога беа отворени вратите за нашите граѓани е чин на добрососедство“, изјави денеска Филипче.

Тој наведе дека разговарал со својот српски колега Лончар за да се организира некој пункт поблиску до нашата земја, за граѓаните кои треба да се ревакцинираат во Србија.

„Ќе известиме кога ќе има повеќе информации. Разговаравме тоа да биде центарот во Врање или Ниш, но ќе ги известиме граѓаните кога ќе договориме поконкретно“, кусо додаде Филипче.

Неодамна здравствените власти  отворија нова веб страница за ревакцинација на граѓаните кои се вакцинирале надвор од земјава, а кои сакаат втора доза да ја добијат овде. Филипче денеска посочи дека одзивот бил слаб и дека не се пријавиле ниту илјада граѓани.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.