ММС

Објавено на: 06/4/21 9:57 AM

Над 6500 граѓани се вакцинирале во текот на вчерашниот ден: МЗ апелира на масовно пријавување за вакцинација

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 438.879 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 243.832 граѓани – соопштија денеска од Министерството за здравство.

Прва доза вакцина вчера примиле 2.249 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.521 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 369.661 дози вакцини, а ревакцинирани се 125.829 граѓани.

Со последните бројки 47 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 35 % од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи, како што се наведува во соопштението, тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.