ММС

Објавено на: 06/4/21 10:02 AM

Да не е смешно би било тажно – Некои луѓе и понатаму веруваат дека диносаурсите постојат

Кога „Дино паркот“ се претвора од блокбастер во теорија на заговор? Ова прашање беше поставено од многумина откако истражувањата покажаа дека скоро половина од Американците веруваат дека диносаурусите сè уште постојат во некои делови на светот.

Анкетирани биле 2.000 возрасни Американци и откриле дека четири од 10 испитаници веруваат дека диносаурусите исчезнале пред 2.000 до 10.000 години, иако одамна е докажано дека тие исчезнале пред 66 милиони години.

Само еден од петте испитаници  веруваат дека изумреле пред само 100 години. Околу 54 проценти од испитаниците тврдат дека живееле само во Африка и Северна Америка, иако нивните коски биле насекаде пронајдни.

Покрај тоа, секој од испитаниците требало да именува најмалку четири видови диносауруси, од илјадници познати, и како што се очекувало, повеќето го знаеле само тираносаурусот Рекс.

Нешто повеќе од една третина успеале да се сетат на бронтосаурусот кој стана популарен поради детскиот филм „Земјата пред почетокот на времето“. Сепак, 54% не успеле да ги именуваат трицератопите, диносаурус со три рога, што исто така се појави во споменатиот филм.

Шест од 10 испитаници веруваат дека некогаш постоел диносаурус „dalimislišdasaurus (Doyouthinktheysaurus)“, пренесува studyfinds.org.

Истражувањето е спроведено од „Boat Rocker Studios“, кое наскоро ќе го прикаже и во цртаниот серијал „Dino Ranch“ наменет за деца од предучилишна возраст на детскиот канал на Дизни.

Анкетата покажала дека 42 проценти од испитаниците со деца под 16 години веруваат дека им ја пренеле својата љубов кон диносаурусите на своите деца, а дури три четвртини од родителите веруваат дека нивните деца знаат многу повеќе од нив за овие праисториски суштества.

Истражувањата исто така покажале дека тројца од 10 возрасни веруваат дека диносаурусите оделе по Земјата истовремено со праисториските луѓе, иако овие животни живееле 65 милиони години пред појавата на првиот човек. Секоја четврта личност верува дека диносаурусите живееле со слонови, иако науката потврди дека слоновите потекнуваат 10 милиони години по истребувањето на диносаурусите.

-Диносаурусите продолжуваат да нè фасцинираат, а ние сè уште имаме толку многу за што не знаеме, изјави палеонтологот професор Стив Брусати од Универзитетот во Единбург.

-Новите откритија направени од новите генерации на научници навистина ја сменија научната перцепција за тоа што всушност биле диносаурусите. Сега знаеме дека тие биле паметни, активни, динамични животни повеќе како птици отколку огромни лушпести гуштери, како што тие често се прикажуваат”, додаде тој

-Да бидам целосно прецизен, диносаурусите цлосно никогаш не исчезнале – птиците потекнуваат од диносаурусите, што всушност ги прави диносауруси, рече Брусати.

 

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.