ММС

Објавено на: 06/4/21 8:54 AM

Кралот остана без круна – НБА ќе добие нов шампион, Лејкерс елиминирани

Актуелниот бранител на титулата и довчерашен НБА шампион Лос Анџелес Лејкерс е елиминиран во првата рунда на плејофот откако во шестиот меч во серијата се поразени од Феникс Санс на домашен терен со 100:113 (вкупно 2-4 во серијата подобар од седум).

Се чини дека повредата на Ентони Дејвис сепак била премногу за тимот. Иако тој стисна заби и почна да игра во стартната петорка, сепак долго не се задржа на паркетот и поради болките седна на клупата. А, оттаму можеше само да го набљудува тешкиот пораз и елиминацијата на својот тим.

На Лејкерс не им помогна ниту фактот што Леброн Џејмс одигрс многу добар натпревар со 29 поени, девет скока и седум асистенции, додека Денис Шредер уфрли 20 коша зачинети со три скока и исто толку асистенции.

На другата страна кошот од сите страни го полнеше Девин Букер кој го заврши натпреварот со 47 поени, 11 скокови и три додавања.

Екипата на Феникс во полуфиналето ја чека дуел со Денвер кој со идентични 4-2 го елиминираше Портланд.

Колку голем кошаркар, пред се личност е Леброн Џејмс, покажа после мечот кога својот дрес му го подари на најдобриот кошаркар Девин Букер со што уште еднаш покажа класа.

Извор: Blic.rs

Фото: ESPN

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.