ММС

Објавено на: 06/4/21 8:27 AM

Венчаницата на принцезата Дијана изложена во Кенсингтонската палата

Фустанот кој Дијана, принцезата од Велс, го носеше на денот на венчавката пред четириесет години е изложен во нејзиниот некогашен дом во Кенсингтонската палата.  Војводите од Кембриџ и Сасекс го позајмија фустанот за изложба која почнува еден месец пред денот на раѓање на Дијана, која годинава ќе наполнеше 60 години. Нејзината венчаница ја дизајнираа Дејвид и Елизабет Емануел.

Фустанот има долен вел кој е долг шест метри.

Организаторите на изложбата  „Новиот кралски стил“ велат дека фустанот сега е меѓу најпознатите во историјата на невестите. На венчаницата исто така, има и старинска чипка која првично и’ припаѓала на кралицата Марија.

Во голема мера фустанот соодветствува на модата од раните осумдесетти, со големи ракави и машни.

Во видео снимка прикажана на изложбата, Емануел се сеќава како Дијана и’ телефонирала и ги замолила неа и нејзиниот тогаш сопруг да и’ направат фустан.

„Тоа беше еден од оние чудни моменти во кои знаете дека вашиот живот никогаш веќе нема да биде ист“, додава таа.

Покрај венчалниот, принцовите Вилијам и Хари претходно исто така позајмуваа други фустани на нивната мајка за изложби.

Изложбата која се занимава со дизајнерски парчиња облека за кралската клиентела исто така вклучува и облека од принцезата Маргарет. Изложбата беше отворена вчера, а ќе трае до почетокот на јануари идната година. Дел од изложбата е и фустан од 1937-та година кој и’ припаѓал на мајката на кралицата Елизабета Втора.

 

Извор: vijesti.me


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.