ММС

Објавено на: 06/4/21 7:43 AM

Летни 30 степени

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.  Максималната темепратура ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ=7

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Утре времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Од понеделник се очекува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.