ММС

Објавено на: 06/4/21 7:38 AM

По скандалот со отпадното масло Владата бара акредитирано тело за контрола на мазутот

Поголема контрола на увозот на мазут и  анализа наложи Владата на вчерашната седницата.

Бирото за метрологија е задолжено да склучи договор со акредитирано тело за земање на мостри од мазут за потребите на Државниот пазарен инспекторат.

-Со уште еден заклучок се задолжени и Царинската управа и Бирото за метрологија, за потребите на Државниот пазарен инспекторат, по барање на Државниот пазарен инспекторат, да спроведат постапка за земање примероци за анализа и анализа на мазут, согласно Правилникот за квалитет на течни горива и да ги достават на испитување до акредитирана лабораторија, соопшти влдината прес служба.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.