ММС

Објавено на: 06/4/21 7:27 AM

(видео) Како да е војна – силни детонации од магацин за топовски гранати во Чачак

Се’ уште се слушаат повремени детонации по серија експлозии што се случија во фабриката „Слобода“ во Чачак во 1.30 часот по полноќ, објави Радио-телевизијата на Србија (РТС).Нема повредени, а евакуирани се сите 60 работници од третата смена.

„Околу 1.30 часот се слушнаа првите детонации, што се случија во магацинот за муниција. Добро е што експлозијата и пожарот не се случија во производствените сали “, рече Милан Тодоровиќ, градоначалник на Чачак.

Магацинот со гранати се наоѓа на околу 800 метри од влезната порта.

Детонациите сè уште се слушаат повремено, но многу поретко и со помал интензитет, а известувачите на РТС од местото на настанот известуваат дека ситуацијата се смирува.

Граѓаните во близина на фабриката беа евакуирани, некои ја поминаа ноќта во подрумот.Вознемирените граѓани рекоа дека на автомобилите може да се забележат траги од експлозијата.

И прозорците на некои куќи се скршиле, пренесува репортерот на РТС.

Полицијата сè уште не дозволи пристап до фабриката по 6 часот утрово.

Професионални единици за противпожарна и спасувачка служба со девет члена и три возила, како и противпожарните возила на фабриката со 10 нивни работници се пред фабриката и ќе интервенираат кога ќе бидат исполнети условите.

 

Данас


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.