ММС

Објавено на: 06/3/21 7:21 PM

Кој е милионерот Џанлука Ваки? Осуден на три ипол години затвор, а денес ужива во луксуз со 27-годишна убавица

Италијанскиот милионер Џанлука Ваки (53) предизвика големо внимание на медиумите и јавноста кога се појави на белградскиот саем, каде ја доби втората доза од вакцината против Ковид-19.

Популарниот плејбој со весел дух, кој ги напушти сите работни места на 50-годишна возраст и реши да ужива во животот со полни гради е многу популарен на социјалните мрежи. Никој не се сеќава на снимката од неговиот танц на јахта во друштво на млада убавица која го запали интернетот со брзина на светлината.

Шармантниот хедонист го следат повеќе од 20 милиони следбеници на Инстаграм, а тој редовно споделува слики од патувања каде лудо се забавува.

Џанлука Ваки е роден на 5 август 1967 година во Болоња, каде што дипломирал на Универзитетот за економија и бизнис. Како претприемач, тој работел во различни области – од туризам до мода.

Бил шеф на компанијата за производство на авто-приколки и член на Управниот одбор на фармацевтската компанија Fin Vacchi Finanziaria Vacchi.

Но, тоа не одело како што треба. После еден неуспешен бизнис и пропаѓањето на компанијата во чиј банкрот бил вмешанвклучен, тој бил осуден на 3,5 години затвор.

Поради долг од 10,5 милиони евра, банката му ги запленила луксузните и раскошни вили и јахти, како и акции во голф-клубот.

„Тоа е само мал, потполно неважен долг“, рече Лука, чие семејство е сопственик на фармацевтска компанија, која и покрај добриот приход, очигледно повеќе не може да го покрие неговиот екстравагантен начин на живот.

Во 2011 година, по многу тешката фаза од неговиот живот, новите одлуки го доведоа до денешното богатство, кое се проценува на околу 450 милиони американски долари и кое постојано расте.

Со 27 години помладата свршеница, тој минатата година доби ќерка.

Некогашниот бизнисмен, диџеј и ѕвезда на социјалните мрежи Џанлука Ваки ужива во врска со 27-годишната манекенка Шерон Фонсека, со која купи луксузна вила во Мајами Бич, Флорида.

Имотот е целиот во бели и земјени тонови, полн со светлина, додека наместо sидови насекаде има големи лизгачки врати, за да можат присутните да уживаат во неверојатниот поглед.

На крајот на октомври 2020 година, двојката доби ќерка, на која и го дадоа името Блу Јерусалема Ваки. За својата миленичка подготви спектакуларен пречек, што беше споделено на Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi)

Тие се запознале на снимањето на музичкиот спот каде целосно се за вљубиле еден во друг. Исто така, и двајцата секогаш истакнуваат дека разликата во годините воопшто не им пречи, и двајцата се шегуваат дека Ваки има енергија на 15-годишник.

Ваки е познат и по екстравагантниот и безгрижен живот на Плејбој, здрав начин на живот и љубов кон скапи мотори и луксузни автомобили.

Исто така, малку е познато дека тој професионално игра еден вид билијард, кој се нарекува снукер.
Додека пловел на својата јахта во близина на Сардинија, во една прилика тој целосно се соблекол, што го забележале и камерите. По некое време го уценувале, но тоа не го потресло премногу.

 

„Мојата филозофија се заснова на свеста за тоа дека имаме само еден живот. Треба да работиме напорно, но во исто време да не заборавиме да сонуваме, да бидеме луди и иронични. Имајте на ум дека луѓето кои не сакаат не се сериозни луѓе “, е животната филозофија на Ваки.

Извор: Стил.курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.