ММС

Објавено на: 06/3/21 8:00 PM

Трагедија во Италија: Фудбалер почина на терен додека играл натпревар во чест на својот брат

Поранешен фудбалер на италијанската пониска лига Џузепе Перино почина играјќи натпревар кој бил организиран во чест на неговиот брат кој починал во 2018 година додека возел велосипед.

Џузепе Перино имал 29 години и целата кариера ја поминал во клубовите од пониската лига во Италија, а несреќата се случила додека играл натпревар организиран во чест на сеќавање на неговиот брат Роко кој починал додека возел велосипед.

Во еден момент Џузепе само паднал на теренот, набрз и починал како последица од срцеви проблеми. Телото било префрлено во мртовечница каде што ќе се прави аутопсија по судски налог..

Братот на Џузепе, Роко починал во јуни 2018 година додека возел велосипед, а причината за смртта била иста како и неговиот брат, срцето престанало да работи.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.