ММС

Објавено на: 06/3/21 5:57 PM

(ВИДЕО) Човек спаси бебе кое падна под воз: Моментот е незаборавен

Кинез спаси двомесечно дете кое паднало право на железничката пруга во централна Кина.

Видеото на „CCTV“ е снимено во градот Вухан во провинцијата Хубеи на 30.мај и прикажува патник кој патува како бара помош од лицата во возот додека новороденчето паднало на пругата.

Тогаш работничка од возот истрчала да биде сигурна дека возот нема да тргне.

Човекот во бела кошула се спуштил меѓу возот и перониѕте и го извлекол бебето .Според извештајот, бебето излетало од количката и паднало на шините поради инерција после што количката се заглавила помеѓу возот и перонот.

Триесетгодишниот маж Ли Јуни рекол дека и тој е татко и сакал само да го спаси детето кога видел дека е во опасност.Видеото со дозвола го обезбедиле локалните медиуми.

Извор: Espreso.co.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.