ММС

Објавено на: 06/3/21 4:25 PM

Општина Центар ќе додели 100.000 денари на семејството на жената-донор Јасмина Василковска

Советот на Општина Центар, градоначалникот Саша Богдановиќ и советниците на денешната 65. седница на едногласно ја усвоија Одлуката за доделување финансиски средства за семејството на Јасмина Василковска, жената што ги донираше своите органи и спаси три човечки животи.

– Како Општина Центар ова е најмалку што можеме да направиме и да се заблагодариме на семејството Василковски за најхуманото сторено дело, за човечноста и за големината да се биде човек. Јасмина Василковска беше наша сограѓанка и жителка на Општина Центар и затоа во нејзина чест ќе обезбедиме 100.000,00 денари од Буџетот на Општина Центар, а средствата ќе ги донираме на нејзиното семејство, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.