ММС

Објавено на: 06/3/21 3:16 PM

Полицијата растури веселба со музичари во Тетово

Вчера во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект на улица „Димо Гавроски-Кара“ во Тетово, сопственост на Ф.Р.(32) од Тетово, известуваат од МВР.

При контролата било констатирано дека во објектот не се постапува според здраствените прописи за време на епидемија, односно била организирана веселба со музичари.

Сопственикот на објектот бил лишен од слобода и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.