ММС

Објавено на: 06/3/21 3:10 PM

Почна вакцинацијата на хронично болните пациенти: Меѓу нив и пријавените на 20-годишна возраст

Почнувајќи од денеска и во следните два дена, сите хронично болни пациенти и со ризик од ковид-19, на возраст од 20  до 40 години, кои се пријавиле за вакцинација до 30 април 2021, ќе се вакцинираат на вакциналните пунктови во државата, соопшти попладнево Министерството за здравство.

Опфатени се повеќе од 40 дијагнози или повеќе од 10 групи на дијагнози кои беа одредени како ризични од страна на Универзитетските Клиники и граѓанските здруженија, како кардиовахулаторни, респираторни, бубрежни, ендокринолошки, малигни, невролошки и останати заболувања и состојби.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.